Драги мои, ви посакувам среќна и успешна 2024 година. Многу здравје, среќа и љубов, а турнејата „Минут срца мог“ продолжува и ние ќе се дружиме во арената „Борис Трајковски“ на 10 февруари. Дојдете сите лудо да се забавуваме и да пееме на најјако. Ве сака многу вашата Јелена“, вели во својата новогодишна честитка испратена до македонската публика – Јелена Розга, која по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, на 10 февруари ќе настапи и пред домашната публика.

Кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, која е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека и низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола“, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, ветува незаборавна дружба. Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје во организација на Скајмјузик се достапни онлајн, преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.