Песната „Битолчани мераклии“, доби нова обработка од страна на вљубеникот во македонската песна, јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу, објави Тера телевизија.

Тој е дел од операта во Токио, а во срцето негува огромна љубов кон македонската музика.

Досега ги има обработено песните: Македонско девојче“,легендарната песна од Јонче Христовски  – „Ако умрам ил’ загинам“, а потоа и втората верзија на Македонско девојче, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.