Ако досега името на Роберт Билбилов се врзуваше само за најголемите хитови на домашната сцена, кога станува збор за комерцијалната музика, сега од неговата работилница излегува нешто сосема поразлично.

Имено, Билбилов заедно со диџеј Никифор има нов проект на кој, вели, е многу горд зашто истиот не е само своевиден музички експеримент, туку и парче кое значи нова опција за сите оние кои велат дека имаме само турбофолк забави и иста таква музика.

Еве поинаква можност. Токму тоа и ни беше идејата – да му дадеме нешто ново на урбаниот народ“, вели Билбилов и признава дека идејата за ваквиот материјал насловен „Drunk cut се родила сосема случајно, откако бил на една журка на која Никифор пуштал музика.     

Од сосема обична идеја до реалност, така некако е роден проектот за кој првично спакувале 28 траки, но финалниот производ содржи 20 нумери.

Бев на настап на Никифор, а самата енергија која ја доживеав ме инспирираше да размислам зошто да не се обидеме да направиме нешто слично заедно. Од едно обично кафе кое го испивме следниот ден, дојдовме до албум. Идејата не ни беше да направиме тежок мејнстрим, туку едно наше видување, наш вајб, впрочем тоа е хаус музиката. Сакавме да поработиме на кревање на денссцената, затоа што сметаме дека тоа недостастува“, вели Билбилов, кој е главниот „виновник“ за целиот материјал и во чие студио е правен миксот и мастерингот на албумот, за кој омотот го спакува Љубан Стаменик.

Eдна од траките всушност е ремикс на хитот на Арилена Ара со наслов „Дашуриа име“, за која автор на музиката е долгогодишниот пријател и соработник на Билбилов, Дарко Димитров. Уште еден „златен глас“ кој може да се чуе во склоп на материјалот е оној на Мр. Мајк, голема ѕвезда од светската денс сцена.

Неколку траки ќе бидат издадени и за други светски лејбови, а на 19 мај официјалното издание на албумот излегува и на сите музички платформи. Половина од песните на кои е работено со месеци веќе се пуштени во етерот, благодарение на Јутјуб-каналот на Роберт (https://www.youtube.com/playlist?list=PLatKGnE-c9n0kJQSy32RpmXCFA4Xs6uAt), а останатите јавноста ќе може да ги слушне по концертната промоција закажана в петок (19 мај) во клубот Станица 26. Настанот почнува во 20:30 часот.

И не заборавајте, ова е добра можност за сите кои велат дека Скопје нуди само турбофолк журки. Еве одлична опција за одлична забава и Скопје конечно да добие нешто ново, а урбаниот народ забава каква што заслужува. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.