Хрватската дива Нина Бадриќ синоќа одржа концерт во Македонската филхармонија. Вечер исполнета со многу емоции, љубовни песни какви што само Нина знае да ги донесе. Публиката, претежно жени во еден глас ги пееја нејзините хитови од 30 годишната кариера.

Нина испеа и по некоја песна во чест на нејзните пријатели Арсен Дедиќ и Масимо Савиќ, како и нашата „не кажувај либе добра ноќ“ со одличен македонски нагласок.

За крај следуваше нејзиниот најголем хит „такви као ти“ кој публиката го пееше во еден глас со Нина која за скопската публика беше облечена во долг елегантен фустан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.