Музиката е живот, докажа синоќа Никола Мицевски, еден од најдобрите македонски музичари, композитори и аранжери на новото време.
А неговата “New Era” ќе живее долго заради еден едноставен факт, што таа музика е вонвременска.
Пред преполната сала во Центарот за култура во Битола, каде што синоќа ја стартуваше концертната промоција на новиот албум “New Era”, Мицевски со повеќе од 40 врвни македонски музичари и хористи од хорот Арс Нова на Марина Коруновска, направи музичка сензација претставувајќи го овој фантастичен албум, врв во неговата скоро 20-годишна кариера.
Никола Мицевски на публиката ѝ е познат по одличните соработки со најдобрите пејачи и бендови, како и во музички соработки во кои тој секогаш имал храброст да експериментира.
Направив еден убав музички круг во последните години и New Era дојде како најубав продукт во кој го збогатив својот израз, додадов некои нови музички димензии, подигнав стандарди и секогаш нова силна позитивна енергија. Концертот е успешен по тоа како реагирала публиката и дали си заминува по неговото завршување со убави емоции. Јас знам дека успеав во двете нешта и тоа ме прави многу среќен. Благодарам Битола, од срце следно закажувам средба со скопската публика на голем концерт во Скопје во МОБ, така што ова е сјаен почеток”-истакна Никола Мицевски по концертот.
Идеите на Никола, за мешавина на македонските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр, ги сака публиката.
Со неговиот пристап кон македонската современа музика, која може слободно да парира на светските изданија од крајот на 20 и почетокот на новиот милениум, само потврдува дека е една поврзувачка карика на македонскиот со светскиот звук, токму заради таа фузија и внесување на новини во користењето на македонските и балканските мотиви на непосреден и искрен начин, надвор од клишеата кои се калемеле музички на овие простори.
Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.