Композиторот Александар Радуловиќ Фута, сопругот на легендарната Марина Туцаковиќ доживеал уште една семејна трагедија, пренесуваат српските медиуми.

Откако кон крајот на минатата година останал без својот син Милан Радуловиќ Лача, пет месеци подоцна останал и без својот татко.

Долгогодишната сопруга на Фута, Марина почина во септември 2021 година, а тој сега открива дека не може да поверува што се го снашло за само неколку години.

Прво ми почина баба ми, па стариот син, па мајка ми, па 14 дена подоцна мајката на Марина, па Марина, па Лача и мојот татко пет месеци после Лача…, изјавил Фута пожалувајќи се дека останал сосема сам.

Тој додава дека не знае кој го конструирал сето ова…

Останав сам, нема веќе кој да ми замине, додал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.