Карпошовото културно лето годинава ќе се одржи традиционално, по 15-ти пат, од 19 до 27 август. За оваа намена Општината издвои средства во висина од 2.500.000 денари. На годинашното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат Националниот џез-оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара, со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов.
Годинава плоштадот „Делфина“ во Влае девет дена ќе биде резервиран за забава на која ќе настапуваат уметници, солисти и музичари, а ќе има програма и за најмладата публика. Локалната самоуправа го насочи фокусот кон македонската културна сцена, каде што во рамките на годинашното јубилејно Карпошово културно лето ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.