Еден од најпознатите детски музички фестивали во Македонија е фестивалот „Си-До“, а една од најпознатите песни испеани на тој фестивал несомнено е „Наташа од трето три“.

Познати личности кои пееле на овоj фестивал се: Каролина Гочева, Христијан Спировски, Димитар Андоновски, Мартин и Стефан Филиповски од Некст тајм, Анета Мицевска, како и многу други.

Токму на денешен ден, во 1992 година, на „Си-До“ е отпеан еден безвременски детски хит, „Наташа од трето три“, чиј комплетен автор на хит-песничката е Драган Каранфиловски – Бојс, а во изведба на Леонид Ристев.

Денес е 18 мај, точно 30 години од првата вечер на детскиот фестивал „Си-До“ 1992 година. Се сеќавам како да беше вчера, имам најубави спомени. Како на фестивалот, така и на сѐ што следеше неколку години подоцна. Јас имав 9 години и тоа е незаборавен дел од моето детство. Многу ми е драго дека децата ја пеат „Наташа“ и денес. Песната има свој живот и тоа ме радува. Не ја бирав, песната беше веќе спремна, Бојс ја имаше напишано и снимено пред фестивалот. Ако добро се сеќавам, оригиналот беше од „петто-3“, па само ја прилагодија на тоа дека бев трето одделение, па стана од „трето-3“. Прв пат ја слушнав на самата аудиција, во Пионерскиот дом во Битола. Кире Костов беше тука на самата аудиција, се сеќавам седеше покрај пијаниното во домот и ми кажа „Е па салеп, ова ќе биди хит“ 😊 Малишаните не викаше „салеп“, нагалено по битолски, вели Ристев во интервју за Музички регистар.


Целото интервју прочитајте го ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.