Богати аранжмани, врвната музичка изведба и хуморот на Рамбо со долгите овации од публиката, го направија овогодинешното издание на Сараево џез фестивал, врвно доживување со кое на најдобар начин започна овогодинешното музичко патување на Сараево џез фестивалот (Jazz Fest Sarajevo 2024), пишуваат сараевските медиуми по концертот на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус што се одржа на 6 ноември во Народниот театар во Сараево.

Концертот беше распродаден еден месец однапред – Народниот театар во Сараево беше претесен за многубројната публика, и според написите кои осамнаа во саревските медиуми, настапот ќе се памети долго, а ова фестивалско издание не можеше да има подобра увертира.

Во изведба на 18 члена на оркестарот, се најде добро познатиот репертоар на Рамбо, во аранжамни за Биг бенд. Посебно изненадување за публиката беше гостувањето на првенката на Саревската оперска првенка Аида Чорбаџиќ на песната „Е мој Рамбо“,
-„Халид инвалид Хари“, „Балкан бој“, , „Цар“, и многу други хитови, звучеа совршено во новите аранжмани, а Рамбо беше испратен со овации и аплаузи., пишува порталот Депо од Сараево.
Националниот џез оркестар беше предводен од маестро Џијан Емин, а настапија трубачите Трајче Велков, Сенад Усеин и Јордан Колески, саксофинистите Кирил Кузманов, Борислав Веселинов, Славко Ѓорѓиев, Валентин Видовиќ, Иван Трајаноски, тромбонистите Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски, гитаристот Зоран Костадиновски, бас гитаристот Дарко Мучев, пијанистот Гордан Спасовски, на ударалки Виктор Филиповски и тапанарот Гоце Стевковски.
Саревскиот интернационален џез фестивал постои од 1997 година, во 2019 година доби европска награда за извонредна програма. На овогодинешното издание на сцената настапија повеќе од 60 музичари со 11 концерти, еминентни имиња на европската, американската и светската џез сцена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.