Music Awards Ceremony (MAC), единствената манифестација за доделување музички признанија, која во првите две изданија собра повеќе од 450 познати од целиот регион и беше емитувана дури на седум ТВ-станици со национална фреквенција во шест држави, се враќа на голема врата, и тоа со нов концепт кој, со најсовремена продукција и комплексни аудио-визуелни елементи, носи два дена незаборавни настапи на омилените изведувачи од овие простори.

Манифестацијата која со нетрпение ја очекувавме, Music Awards Ceremony (MAC) во организација на Skymusic, ќе го собере creme de la creme-от на регионалната музичка сцена, најеминентните имиња на регионалната сцена, и тоа 25 и 26 јануари во Штарк Арената во Белград – настапите на претставниците на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап, светска и народна музика се резервирани за првиот ден од манифестацијата, додека најголемите музички икони на треп, дрил и урбаната поп музика ќе настапат на вториот ден од церемонијата.

Новиот концепт на церемонијата, која, обединувајќи ги сите музички жанрови го обедини и целиот регион, е претставен во ЛАЈВ вклучувањето на Инстаграм-профилот на MAC, каде изведувачите кои во претходните изданија освоија некои од наградите ги номинираа своите фаворити, изведувачи и нумери кои, според нивното мислење, во последната година оставиле неизбршлива трага и најмногу придонесоа за развојот на музичката индустрија на овие простори.

Така, на едно место се најдоа дури 20 музички ѕвезди од овие простори меѓу кои се и Нина Бадриќ, Анџелина, Газда Паја, Каролина Гочева, Лена Ковачевиќ, Александра Радовиќ, Раста, Бресквица, Воајаж, Тропико бенд, Магла бенд и Невена Божовиќ, кои следбениците ги наградија со подарок влезници за најголемиот настан во регионот. Најголемо изненадување беа ненајавените вклучувања на директно номинираните изведувачи – Констракта, Хиљсон Мандела, Секси од Црни Церак, Лацку, Сара Јо, Едита и Нучи заради што ЛАЈВОТ место предвидениот час траеше двојно повеќе.

Каролина Гочева, која беше дел од првата MAC церемонија, кога беше наградена за етно светска музика изведувач, меѓу првите се вклучи во ЛАЈВОТ и го најави завршувањето на работата на новиот албум.

Од периодот кога го добив признанието на MAC, влегов во еден многу убав проект, кој почнавме да го работиме уште во 2019, но заради короната моравме да направиме пауза. Кон крајот на месецот ќе излезе новиот албум, на кој работев со двајца исклучителни уметници – Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Паралелно подготвувам и еден поп албум за кој издадов една песна пред неколку месеци“, нагласи таа.

Каролина потоа ги номинираше своите колеги за MAC наградата – ДНК со темата „Ако утре ме нема“, Дина Јашари и Дуке Бојаџиев со „Убав ден“ и Сара Јо со „Зар не“.

Лозано, македонскиот изведувач кој со својот раскошен вокал со години го покорува регионот, исто така, учествуваше во номинациите, предлагајќи ги Дубиоза колектив со „Може ли“, Бресквица и темата „Лептир“ и ДНК со „Ако утре ме нема“ за престижните музички награди.

Групата ДНК, исто така, ги предложи своите фаворити, па меѓу номинираните за MAC Awards 2023 се најдоа Каролина со „Од небо до дно“, Влатко Лозаноски со „Ме нервираш“ и Сара Јо со „Зар не“.

Изведувачот кој направи бум на музичката сцена не само во регионот, туку и пошироко, српската уметничка Констракта се вклучи во ЛАЈВОТ додека го шеташе своето куче, видно расположена. Таа меѓу своите фаворити ги смести Џипси со „Понекад“, Зои Кидах со „Бејбе“ и Мими Мерцедес со „Dajivé Komì“. Специјално за оваа прилика Констракта откри дека евровизиската тема со која ја покори Европа добива и своја верзија на летонски јазик.

Повеќе од 400 илјади фанови од целиот регион имаа можност во живо да ги следат номинациите, а дека за овој настан владее огромен интерес зборува и податокот дека за време на ЛАЈВОТ се оставени повеќе од 20 000 коментари.

Со оглед на тоа дека првиот круг за гласање би требало да почне набрзо, организаторите ги повикаа фановите и во иднина да ги следат официјалните канали на манифестацијата, оставајќи простор за уште еден голем исчекор во однос на претходните две изданија – можност и ним да им се даде шанса да ги предложат своите фаворити за MAC наградите за 2023!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.