Британскиот диџеј и продуцент TIJN ќе настапи во Охрид Маратон за сите љубители на електронската музика, викендов, недела 31-ви јули од 12 часот на плажата Оревче на Охридското Езеро.

Три артисти ќе се погрижат за девет часовниот настан, позади чија организација стои формацијата на македонски диџеи и музички продуценти Пирка.

Специјален гостин на настанот е англискиот диџеј и продуцент TIJN, чиј печат го става на светската мапа на електронската музика. Toj e човекот кој стои позади познатите етикети Curtea Veche, Oge, Into The Wizard’s Sleeve и Haus Wax. Големи издавачки куќи, како Rawax, Moss Co. и Memoria ја публикуваат неговата музика.

Настапувал низ најпознатите клубови и имал свои сетови на светските фестивали, а вреди да се споменат неговите последни настапи во култниот Fabric и на Gottwood Festival.

За домашната поддршка ќе се погржат Dejan Dex и Dout.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.