Најголемата регионална церемонија на доделувањето на музичките награди ќе се одржи на 25 и 26 јануари во белградската Штарк Арена, кога на едно место ќе бидат собрани најголемите музички ѕвезди од овие простори – претставници на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хот, светска музика и фолк музика ќе настапат на првиот ден од церемонијата, додека најголемите музички идоли трап, дрил, балкан дрил, урбана поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од манифестацијата.
Уметницата која долги години е присутна на поп-рок сцената, а која со својата евровизиска песна авангардата ја претвори во мејнстрим промовирајќи ја концептуалната уметност, Констракта, на задоволство на многубројната публика, се најде на листата на изведувачи за 25 јануари. Да потсетиме, по меѓународно забележливиот настап што таа и Земља грува го имаа во рамки на Евровизија, цел свет зборуваше за нивниот, дотогаш невиден, уметничко-сценски перформанс, а песната „In corpore sano“ со која настапи на натпреварувањето за песна на Евровизија денес брои повеќе од 40 милиони прегледи на светските стриминг сервиси. Констракта свое претставување имаше и на меѓународната сцена преку серија интервјуа за странски медиуми како Њујорк тајмс, Индипендент, Гардијан, Метро, Сан и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.