Вчеравечер во Аудиокултура се реализираше уште еден настан кој промовира квалитетна музика и поезија.

Широките рамки на вековните меѓусебни инспирации беа доловени преку музиката на Марко Виденовиќ во изведба на оркестар од Филхармонија и моќни поетски творби од Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Славко Јаневски во рецитал на Драгана Левенска.

Специфичниот амбиент и условите кои Аудиокултура ги има поставено како стандард за промоција на квалитетна музичка култура донесоа нов и специфичен настан од овој социјално-културен тренд, кој пак е основата на која ќе се изгради скалило плус за квалитетно урбано живеење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.