Во организација на „Гете Институтот“ на 18 ноември ќе се реализира музичко патување насловено „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet.

Квартетот го сочинуваат: Јордан Костов (Скопје, Македонија) со својата хармоника и Андреас Гинтер, пијано и саксист (Берлин, Германија), а ќе ги придружуваат младите македонски музичари Андреа Мирческа (контрабас) и Драган Теодосиев (тапани).

Придружете ни се на музичкиот одраз на далечните патувања, култури и луѓе на18 ноември во 19 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија, велат организаторите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.