МКЦ го најавуваат третиот „Музички блок“ – специјално сервирана топла супа од суперкул бендови од регионот и пошироко, спремни за конзумирање со кнедли од гриз.

Неверојатна температурна разлика се очекува на почетокот на ноември, поточно 03.11, кога температурите нагло ќе пораснат до 78 степени целзиусови, што е невообичаено за овој период од годината. Зошто? Па следи МКЦ Музички Блок #3 драги наши!“.

На музичкото мени се „Lelee“ (Словенија, ама и Македонија) – составот на Дамјан Маневски и неговата инди-рок/пост-панк банда. Потоа, „Proto tip“ (Србија) – нојз рок/пост панк телеграма од Белград, исто така „Idem“ (Хрватска), но и Cloudsurfers (Холандија), кој е опишан како „мутаген од гаражен панк, пост гранџ и психоделичен рокенрол, кој отелотворен во ловци на бури кои и пркосат на смртта.

Меѓу најавените е и „Xarikiri“ (Македонија) – лудо алтернативно дуо трио, основано 2022 во Скопје. Андреј, Виктор и Марко над се’. Најавен е и „Тhe Silence inside“ (Бугарија) – електронна музика од Софија.

Инаку, музички блок е настан поддржан од мрежата #Liveurope, првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.