Music Awards Ceremony (MAC) ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога на првиот ден од манифестацијата ќе настапат регионалните претставници на поп, алтернативниот поп, рок, рап, хип-хоп, светската музика и фолк музиката, додека на вториот ден од MAC сцената ќе им припадне на најголемите идоли на трап, дрил и урбаната поп музика.

 

Хистеријата која на социјалните мрежи ја предизвика информацијата дека најголемата и најгламурозната регионална манифестација на доделување музички признанија Music Awards Ceremony (MAC) во организација на Скајмјузик, се враќа со дводневен спектакл во белградската Штарк Арена на 25 и 26 јануари, и понатаму не запира.

 

Сѐ почна на официјалниот Инстаграм-профил на MAC каде во неделата точно во 19 часот беше најавено долгоочекуваното трето издание, на голема врата – со ЛАЈВ вклучувања на некои од најголемите музички ѕвезди во регионот, добитници на престижните MAC награди во претходните изданија, кои за прв пат имаа ексклузивно право да номинираат трoјца свои фаворити за MAC 2023 признанијата. Во ЛАЈВОТ се вклучија и изведувачите кои во таа прилика беа номинирани, па, на изненадување на следбениците, имаа можност да видат кого сѐ номинираа Констракта, Секси од Црни Церак, Лацку, Нучи, Едита и Сара Јо.

Преку 400 илјади фанови од целиот регион имаа можност да ги следат номинациите, а изведувачите кои таа вечер беа најмногу пати предложени се Сенидах со темата „Бехуте“, Сара Јо со „Зар не“, Констракта со „In corpore sano“ и Зое Кидах со „Бејби“. Меѓу номинираните се најдоа и момците од ДНК за темата „Ако утре ме нема“.

Сепак, најинтересно за двата часа, колку што траеше ЛАЈВОТ, е што беа оставени повеќе од 20 илјади коментари, кои, освен реакција на номинираните, всушност беа и барања на MAC 2023 да ги видат некои од своите омилени музички идоли, што кај организаторите иницираше еден потполно неочекуван чекор – можност фановите да ги предложат своите кандидати за MAC 2023 награда!

Како што е објавено на официјалниот Инстаграм-профил на манифестацијата, секој кој сака, во коментар може да го тагне извдувачот со нумерата која според него заслужува номинација за MAC 2023, а во номинација ќе влезат првите десет нумери со најмногу лајкови на коментарот. Изборот на нумерите кои се подложни на учество можат да бидат од кој било музички жанр, односно можат да бидат претставници од која било земја учесничка: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, а единствен услов е нумерата да е издадена во периодот од 1 октомври 2021 до 15 октомври 2022 година.

За само 24 часа од објавата на овој пост стигнаа илјадници коментари, а MAC-манијата и понатаму трае, бележејќи вртоглав раст на интересирањето на јавноста и дострел каков досега не е виден! Во понеделник на 5 декември точно напладне во продажба ќе биде пуштен првиот, ограничен контингент влезници по промо цени кои ќе бидат достапни преку страницата efinity.rs, преку бесплатната eFinity апликација и на билетарницата на Штарк Арената, како и влезниците за фан пит и ВИП влезниците, а нема сомнеж дека за најголемиот музички настан на годината ќе се бара карта повеќе!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.