Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех.

Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат.

Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш.

Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна за припадноста кон една душа која ветува прегратки и припадност во моментите на најголема неволја.

Автор на спотот е Сандра Марковиќ, која со прекрасни кадри го следи текстот од песната сѐ до последната прегратка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.