По „Оган да гори“ во изведба на Ламбе Алабакоски и „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски, проектот „Македонијо, во срце те носиме“ ја објави и третата песна. „Налеј“ во изведба на Миле Кузмановски е третиот проект кој треба убавата македонска песна да им ја доближи на младите.

„Налеј, налеј“ се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“, вели Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“.


Аранжманот е на Николче Мицевски. Видеото е во режија на Скендеровски-продукција.

„Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 нумери отпеани од 12 изведувачи – меѓу кои освен Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, јавноста уште ќе ги чуе и види и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска и Зуица Лазова. На списокот нумери кои имаат за цел убавата македонска песна да ја доближат до помладите генерации се и „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ …



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.