Групата „Меморија“ на денешната прес-конференција ги најави сите детали за нивниот концертен спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.
Секојдневни проби кои како што потврдија членовите велат дека се подготвуваат за најголемата „концертна лудница“ под отворено небо. Големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика, а тоа и денеска го покажаа членовите на „Меморија“ кои заедно со членовите на „Веселата дружина“ пред присутните новинари ја изведоа култната „Дирлада“.
На концертот како гости беа најавени групата „Морал“ , групата „Конкорд“ кои беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија специјално доаѓа во Македонија за концертот.
Со особена чест и радост едвај чекам да дојдам, за сите љубители на рок музиката на концертот на „Меморија“ да го пееме и големиот хит на Конкорд. Се гледаме на 11-ти јуни во Скопје“, порача во својата видео порака.
„Некст тајм“ исто тача ќе им се придружат на сцената како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години.
„Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд, а браќата Енко и Сецко Хаџиќ ќе бидат дел од рок спектаклот на „Меморија“ и ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што било вредност некогаш, останува – засекогаш!
Картите за концертот на стадионот на АРМ се во продажба, а како што најави Петар Георгиевски за постарата генерација фанови на групата предвидени се 150 места за седење, но и тие се во слободна продажба. Меморија и овој пат како во 2017 година во Метрополис Арената ќе свири и пее за сите генерации кои музичкиот опус го следеа низ децениите постоење на македонската музичка сцена.
Сакаме да поставиме нови стандарди за сите наредни уметници кои ќе одржуваат концерти на овој стадион. Обезбедивме платформа за да им овозможиме на лицата со телесен инвалидитет да присустуваат на концертот на Меморија, во соработка со Здружението Мобилност и очекуваме тој пример понатаму да го следат и другите музичари. Овој пат како предгрупа на Меморија ќе настапат низа македонски уметници и групи како Ламбе Алабакоски, 2В, Некст тајм, Морал, Ласт Експедишн и Конкорд. Сеад специјално допатува за да ја изведеме заедно „Високи штикли и црни чорапи“. Ќе се свири исклучиво македонска музика, дециден е Перо Камиказа.
На прес конференцијата присуствуваше и претставник од здружението за лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, за кои специјално е подготвена платформа за присуство на концертот и се заблагодари на членовите на „Меморија“ за вниманието.
Музиката нема граници, ја слушаме сите. Досега на концерт ни беше проблем таа пуста пристапност, но сега одлично што се обезбеди платформа за телесните инвалиди и се надевам дека и другите музичари и групи ќе го следат овој пример на Меморија, рече таа.
Поце, Валентино, Ристо, Давор кој допатува специјално од Канада за концертот и Мичо од Охрид, деновиве интензивно се подготвуваат за концертот во студиото „Томато“ на нивниот колега од бендот Бане Поповиќ.
Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, одново ќе ги слушнеме и „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.