Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што ќе се одржи во Штип од 27 мај до 3 јуни.

Фестивалот предвидува концерти на многу познати светски имиња од различни држави, а воедно и мастер-класи кои овие врвни уметници ќе ги одржат за студентите од Музичката академија.

Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а воедно и да договорат идни соработки и проекти заедно со нив. Ова е второ издание на фестивалот, кое треба да ќе прерасне во долгогодишна традиција.

Фестивалот започнува на 27 мај со настап на реномираниот чешки кларинетист Карел Дохнал со нашата позната пијанистка Наташа Трбојевиќ. На 28 мај настапува познатата флејтистка од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ, а на 29 мај гостува турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со нашата позната пијанистка  и професор на Музичката академија Милица Шкариќ.

Фестивалот ќе заврши на 3 јуни со настап на најдобрите студенти од Музичката академија.

Концертите ќе се одржат во Уметничката галерија „Безистен“, со почеток од 19 часот.

Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.