Голем број на македонски поп и фолк изведувачи се обединија за заеднички да ја препејат песната Insieme („Заедно“).

Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јордановски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Благоја Грујовски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Мики Јовановски – Џафер, актерите Адријан Азири и  Ана Стојановска и други, денес беше претставена пред македонската јавноста.

Песната претставува почеток на иницијативата која симболично го носи насловот „Заедно“, според познатата песна „Инсиеме“ на Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година.

Оваа иницијатива претставува придонес кон определбата на македонското општество за членство во ЕУ и приклучување кон големото европско семејство на демократски и суверени нации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.