На 4. ноември (петок), со почеток во 21.30 часот, во клубот „Станица 26“ скопската публика ќе може да проследи неповторлив гиг на кремот на андерграунд клупската музика. Целовечерен настан, со концертна изведба на уникатна современа електронска музика, проследена со хипнотизирачки deep house до утринските часови.
За првпат во Скопје со настап во живо ќе се претстави магот на германската електронска сцена Tolouse Low Trax, зад кој стои Детлеф Вајнрих од Дизелдорф, еден од основачите на култниот пост-рок бенд Kreidler. Tворештвото на Tolouse Low Trax е објавено на неколку изданија на етаблираните лејблови Idle Press, Infiné, Karaoke Kalk, Kunstkopf, Neubau, Themes For Great Cities, Antitote и Cómeme. Детлеф е и човекот кој стои зад озогласениот Salon des Amateurs во Дизелдорф, каде што е резидент диџеј.
Вајнрих, кој уште од крајот на деведесеттите години достојно ја продолжува „краут“ традицијата на Дизелдорф, веќе подолго време слободно шета низ германската електронска сцена, постојано слушајќи ги претстојните звуци низ одгласите од минатото. Ако се земат предвид повеќе од 15 години активност со бендот Kreidler и другите уметнички проекти во кои е вклучен, јасно е дека се работи за еден од клучните автори на современата германска електронска сцена.

Примитивноста во мојата музика е поврзана со нешто едноставно, и тоа не мора да биде задолжително минимално. За мене е доволно да танцувам грубо околу суштината. Музиката што не ја обликуваме до крај содржи момент на убавина. Превез на тајност. Работам едноставно. Во ограничувањата пронаѓам слобода“, вели Детлеф Вајнрих.

Свој настап во „Станица 26“ ќе има и њујоршкиот продуцент и DJ, Фред Петеркин, кој е попознат под псевдонимот Fred P.

По 11 албуми и голем број различни изданија, и декади диџејска кариера, Фред секојдневно продолжува да го развива својот препознатлив звук кој плови низ најдлабоките фреквенции, во кои хаус музиката се провлекува како основа. За оние доволно среќните љубители кои ги доживеале неговите катарзични, физички и спритуални сетови, подиумот не е само место за уживање, туку и достигање на повисоки потенцијали. Во 2018. година се роди неговиот нов музички лејбл, Perpetual Sound, откако природно дојде крајот на неговата озлогласена продуцентска куќа Soul People. Првото издание природно му припадна на неговиот најсакан псевдоним, Black Jazz Consortium.
За локална противтежа ќе се погрижат двајца искусни локални дејци, веќе интернационално етаблираниот артист Herzel (Александар Гроздановски) со негов live настап и диџеј сет на Ивана Драгшиќ, која и повеќе од доволно го познава њујоршкиот хаус звук.
Настанот е во организација на ROTKO books&music во колаборација со LONGBUS, а билетите ќе се најдат во претпродажба на повеќе продажни места и онлајн, почнувајќи од овој петок, 21. октомври. muzički serijal Haunted Dancehall sa uzbudljivim živim nastupima i specijalnim gostovan



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.