Кралицата на поп-музиката, Мадона, ќе ја одржи најголемата турнеја во кариерата за да го одбележи јубилејот 40 години на сцената. Според „Билборд“, 64-годишната пејачка веќе го спрема шоуто и во текот на годината ќе тргне на светска турнеја.

Според „Билборд“, Мадона ќе ги пее најголемите хитови, почнувајќи од првиот албум што го издаде 1983 година, до песни од последниот, „Мадам Икс“, кој го промовираше во 2019 година.

За сега не се познати градовите во кои ќе настапи Мадона, но концертите ќе се одржуваат на затворени и отворени стадиони. Бидејќи спонзор на турнејата е „Лајв нејшн“, таа ќе одржи повеќе концерти во О2 арената во Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.