25 декември (понеделник) е денот кога Ламбе Алабаковски во етерот ќе ја пушти песната со наслов „Дегиди“. Аранжманот е на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, е со потписот на Зага продукција.
Ламбе годинава реши да ја заокружи со убава, македонска песна, која воедно е и најава за она што ќе се случува следната година, но и затоа што месецов одбележа полни 19 години од првото појавување на домашната музичка сцена.
Песната стоеше во фиока околу 12 години некако сѐ мислев сега, утре, задутре, но нјаверојатно требала да созрее за да се најде во етерот и пред мојата публика и сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна. Со оваа песна и официјално сакам да го најавам новиот проект што ќе излезе следната година, кога ќе одбележам еден убав јубилеј – 20-годишнина од почетокот на мојата професионална музичка кариера, вели Ламбе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.