Култното трио на домашната музичка сцена – „21 ВЕК“ го објави својот нов видео спот за песната „Чекам ко куче“. Видеозаписот за третиот официјален сингл од нивниот албум „Си нацртав живот“ (2021), претставува ретроспектива на настапите кои Васко Атанасовски, Раде Јорданоски и Дени Крстев ги имале низ годините.

Како и за секој видео спот на „21 век“ досега, задолжен за режија, монтажа и снимање е Милан Блажевски, а „останатите две камери беа во рацете на браќата Јосип и Иван Здравковски“, вели Васко Атанасовски.

„21 Век“ се добро позната група со три истактнати членови од скопската „андерграунд“ сцена: Васко Атанасовски („Bernays Propaganda“,  „ХаХаХа“, „FxPxOx“), Раде Јордановски („FxPxOx“) и Дени Крстев („Фонија“, „Bernays Propaganda“). Тие низ својата музика истражуваат експресивна палета, под влијание од пост-панк до македонската традиционална музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.