Култниот белградски рок бенд Партибрејкерс, вечерва ќе одржи концерт во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Ова е трет и воедно последен концерт во рамките на проектот „Back to MKC“, како дел од одбележувањето на јубилејот 30 години Авалон Продукција.

Еден од последните мастадони на рокот, кои кога свират, се чувствуваш како да те гази стадо бизони и не знаеш дали ти е убаво или тешко. Дуото Цане и Антон, релевантни како и пред 30 години, за крај на триологијата “BACK TO MKC” во петок од 20 часот, се вели во објавата од организаторите.

Преостанатите дневни влезници се во продажба на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.