По извонредните концерти одржани во 2022 година, како оној во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје, така и оние низ Македонија, култната македонска поп-рок група „Меморија“ највува нов концертен спектакл во живо.
Овој пат се работи за акустичен концерт (unplugged) на големите хитови на „Меморија“ кои ќе бидат изведени во специјално подготвени за оваа пригода, акустични аранжмани во кои песните на бендот ќе зазвучат малку поинаку од вообичаеното, а сепак толку препознатливо.
На концертот, како и досега, учество ќе земат бројни гости кои оставиле белег во македонската поп – музика со децении наназад.
Членовите на бендот се ште не ги откриваат локацијата и датумот на одржување, но концертот е најавен во текот 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.