Оперскиот првенец Казухоро Котецу ја започна кампањата за ширење на македонските песни и вино низ Јапонија за 2024 година. По осмиот рецитал на кој изведе јапонски, италијански и македонски песни и арија и дует на Моцарт со солистите од операта во Токио, настапи заедно со сопранистката Кунами Акари изведувајќи македонски песни. Настанот беше воедно и промоција на македонското вино.

Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но, во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено и песните: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.