Последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот со концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“.
„Macedonian Free Society“ е составен од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и нивниот прв албум.
„Поетроника“ е поетско-музички перформанс во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо во од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе, автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти.
Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.