По отворањето на SKOPJE DESIGN WEEK со Андријана Јаневска & Jazz Quartet, вечерва, со почеток во 21.00 на пријатното поктровје во Јавна соба ќе настапи Зарина Првасевда со целовечерен интимен концерт.

Зарина Првасевда е најголемото освежување на македонската и светска традиционална музика која заедно со својот ансамбл ќе се претстави вечерва. Ансамблот на Зарина е составен од исклучителни музичари, а дел од нив се прогласени и за најдобри домашни џез музичари.

Зарина кон крајот на минатата година беше победник на “UpBeat – Best New Talent Award 2023” на интернационалната UPBeat платформа, а нејзиниот деби албум “ЕХО”, кој е одпејан на 4 јазици е издаден за една од најголемата  издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”.

Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со голем број на домашни и странски музичари, современ танц, како и филмски проекти, а својата музика концертно ја има претставено на реномирани фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и секако Македонија. Албумот „Ехо“ во 2022 година беше дел од топ 10 најслушани албуми на  Балканската светска музичка листа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.