На 20 јануари (сабота) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи концерт на шведските метал бендови „Франтик Амбер“ и „Рикет“ во склоп на нивната балканска турнеја.

Концертот ќе започне во 19 часот, а со нив бина ќе делат и „Поразиум“ од Хрватска и македонските „Саидон“.

Со сигурност вечер на ‘all out head banging and moshing’ во МКЦ“, се вели во најавата за концертот.

Картите за настанот се продаваат на билетарата на МКЦ, како и онлајн на овој ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.