Во Камерната сала на Македонската Филхармонија, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Оркестарот на Fame’s Институт.

Диригент: Тимоти Редмонд, Англија
Солист: Хари Апс, вокал, Англија
Програма: Д. Елингтон, Ч. Паркер, Ф. Синатра

 

Kонцертот произлезе од работата на еднонеделниот оркестарски курс за хибридни музички форми, прв од овогодинешната серија на семинари кои се одржуваат во студиото на FAME’S и се наменети за млади музичари и студенти од Европа.

Како дел од програмата ќе ги слушнете: Try a Little Tenderness, Moonlight in Vermont, Autumn in New York, Matt Monro Medley, (A Time for Love; Days of Wine and Roses; For All We Know), Blue Moon, Sway, New York-New York, Fly Me to the Moon, Come Fly With Me, Hey There, Angel Eyes, Bewitched и Nutcracker Suite

 

FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар којшто е создаден во рамките на компанијата FAME’S која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа и пред сѐ, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE).
Програмата е фокусирана на креирање можности за младите таленти и обезбедува едукација во разновидни оркестарски практки, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот со нови композиции итн. Оваа програма овозможува високо професионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои се овозможени во студиото на FAME’S.
Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.
Овој институт континуирано е домаќин на млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа), како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на овој семинар. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси и др.

Тимоти Редмонд активно диригира во Европа и Соединетите Американски Држави. Професор е по диригирање во Гилдхол Училиштето за Музика и Драмски Уметности, диригент и ко-основач на концертната серија на Ројал Алберт Хол – My Great Orchestral AdventureTM и редовно гостува како диригент со Лондонскиот Симфониски и Кралскиот Филхармониски Оркестар. Настапувал во Обединетото Кралство со BBC Симфонискиот Оркестар, Шкотскиот Симфониски Оркестар, Бирмингемскиот Симфониски Оркестар и многу други. Бил музички директор во Филхармонијата на Кембриџ, Винстон – Салем Симфонискиот Оркестар и е главен диригент на Know The Score ® програмата (Royal Philharmonic Orchestra). Редмонд е редовен соработник на FAME’S Институтот и досега бил ментор на повеќе курсеви како дел од програмата.

 

Хари Епс го остварува своето професионално деби како Мариус како дел од турнејата во Велика Британија и Ирска на „Клетници“, пред да го оствари и своето Вест Енд деби во истата улога во Сондхајм Театарот. Други театарски улоги кои ги играл се Тобиас во Sweeney Todd (West Green House Opera) и Мариус во Les Misérables: The Staged Concert (Sondheim Theatre). Концертно настапува и на The Darley Park Concert (Derby Live) и последно настапува заедно со Бернадет Питерс и Леа Салонга на Stephen Sondheim’s Old Friends продукцијата на Гилгуд Театарот.

Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.