Во Porta Jazz во Битола, в четврток (2 ноември) во 20:30 часот ќе се одржат концерти на музичките групи „Lelee“ од Љубљана, Словенија и „My Tear“ од Скопје.
-Уникатниот бленд на балканско ДНК црпено од Битола, преку Белград, до Љубљана ги прави „Lelee“ еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и балкански мелос проткаен низ цврстата “направи сам"“ музичка етика, „Lelee“ се една од највпечатливите музички појави во изминативе години, а во четврток за првпат ќе имаат концерт во Битола. Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио „My Tear“. Со нивните силни њувејви синт матрици надополнети со неверојатно енергичниот сценски настап, овие ветерани на македонската независна сцена ќе ни приредат атак на сите сетила како што само тие умеат, истакнуваат организаторите.
Концертите се во организација на Ponder, независна битолска културна иницијатива која има за цел промовирање на независната култура и живата уметност кај младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.