Во сабота на 27 јануари 2024 година, во кафе-барот Агора во Куманово, со почеток во 21:00 часот, ќе може да ги проследите настапите на српскиот бенд „Бохемија“ и нашиот бенд „Номад“.

Бохемија објави три студиски албуми – „Sve naopako“ (2017), „Nasmeši se i reši se?“ (2019) и „Putujemo“ (2021). Нивните концерти се приказна за себе: тони позитивна енергија, лудило на бои, најдоброто од поп-рок психоделијата и неверојатно чувство за мелодија и совршена песна. И шест специјални луѓе на сцената. „Путујемо“ е логично продолжение на идејата што го спои бендот: „да свириме музика инспирирана од Бич Бојс и Битлси, но онака како што ја разбираме“. Сето тоа со бројни влијанија на психоделијата од двете страни на океанот, Бритпоп и шкотски поп занесеници, со суптилни цитати од бендови од регионот кои решително влијаеја на звукот на групата. Овој соул-спејс-поп-рок бенд од Ниш е повремено разигран како Дејвид Боуви на „Let’s Dance“, хитест како The Cult на „Electric“, весело-тажен како Big Star на „Sister Lovers“ и неодолив како некој „Best of“ од ABBA.

 

Номад е нов македонски бенд формиран во 2021 година. Бендот прави преработки на македонски народни песни во progressive rock/fusion варијанти. Целта на бендот е да се зачува и негува македонската традиционална музика.
,,Ние сакаме да им ја доближиме македонската музика на луѓето, преку наши преработки на сплотени два спротивни жанра и да ги пренесеме емоциите и приказните кои живеат во нашите срца”.
Номад во моментот работи на своја авторска музика а нивниот водечки мотив се токму примесите од традиционалната песна. Во моментот нивното творештво го сочинуваат две авторски песни покрај многуте преработки. Нивниот прв настап во јавноста беше на Гитаријада Куманово, а имаат настапувано и на Astibo Jazz Festival во Штип, Пиволенд во Скопје, како и на денови на ориз во Кочани.

Бендот го сочинуваат:
Мима Младеновска – вокал
Христијан Ивановски – ритам гитара
Воислав Петров – соло гитара
Јован Цветковиќ – пијано
Иван Јовановски– бас
Андреј Николов – тапани

 

Влез: 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.