Вечерва, со почеток во 20 часот како дел од светската турнеја во големата сала на Македонска Филхармонија за прв пат во Македонија ќе настапи италијанскиот квартет акустични гитари 40 Fingers во кои членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori, Enrico Marija Milanessi.
Четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника fingerpicking на акустични гитари истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар на оригинални дела до познати музички теми аранжирани за четири гитари. На овој начин тие ни овозможуваат врвна музичка изведба што ја воодушевува и не ја остава рамнодушна публиката.
Реинтерпретација на одличните класици на модерната музика, од Piazzollа до Beatles, од Dire Straits, Queen до Eric Clapton, изразувајки се во различни музички правци од џез до латиноамериканската музика.
На концертот во Скопје квартетот со својот препознатлив кросовер стил ќе се претстави со обработки на најпознатите музички теми:
Toto – Africa, The Eagles – Hotel California, Game of Thrones Medley / The Gael (Last of Mohicans Theme song), Eric Clapton – Tears in Heaven,
Queen – Bohemian Rhapsody, John Williams – Star Wars Medley,Dire Straits – Sultans of swing , The Beatles – Hey Jude
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.