Во четврток, на 4 мај, во 21 часот во Денсинг салата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи целовечерен концерт на Фулиш Грин (Foolish Green) и промоција на албумот „Soul Revival“, а по полноќ и небото ќе нè почести со полноцветна месечина.

Фулиш Грин (Foolish Green) се повеќе од 10-ина години на локалната и на европската сцена, а минатата година го издадоа албумот „Soul Revival“, кој ќе биде изведен во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија.

Јубилејни 10 години и од издавањето на првиот албум „Escape“, каде што повторно ќе се подружиме и ќе поџемаме со екипата од Funky Fresh, DJ Goce и DJ Chvare, LD Pistolero, R.O.N.I.N од Легијата и Rootsman I од Conquering Lion.

Билети во претпродажба на билетарницата на МКЦ и онлајн по цена од 400 ден. На влез 500 ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.