Организаторите на „Охрид фест“ на 30-тото издание на фестивалот, со големо задоволство го најавуваат учеството на легендарниот кантавтор Кики Лесендриќ. Иконата на рокенролот од екс-ју простори  и предводник на легендарната белградска група „Пилоти“  вели дека со голема радост ќе настапи на сцената на Долни Сарај, во Интернационалната вечер на 2-ри септември, со констатација дека му е голема чест да се појави на јубилејот на „Охрид-фест“.

Не сме биле во Македонија, навистина оддамна. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу, мислам, сигурен сум дека скоро и да нема место каде не настапувавме. Искрено се надевам дека најновиот албум повторно ќе не донесе во Македонија, и дека пак ќе свириме, и тоа ќе биде посебно задоволство.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.