Со проекции на аниме, диџеј сетови и базар, јапан.мк организира „Киберпанк журка на јапонски начин“ во клубот „Бруталиск“.
Со почеток во 19 часот, на 24 март, петок, посетителите ќе можат да ја проследат проекцијата на киберпанк аниме филмот „Memories“, по што ќе следува диџеј сет со дистописка музика со Andreas Hz.
Во рамки на настанот ќе биде отворен и базар со аниме фигури, киберпанк постери, манга стрипови, торбо со киберпанк мотиви, футуристички накит и облека.
Организаторите појаснуваат дека терминот „киберпанк“ значи вештачка интелигенција и кибернетски додатоци во комбинација со општествена дистопија и распад – тоа е место каде што владеат корпорациите, а обичните луѓе се зависни од технологијата.
Киберпанк е дистописка визија за иднината под капитализмот. Ова звучи неодоливо познато бидејќи денешниот свет во многу што наликува на таа визија од осумдесетите години на дваесеттиот век. Наместо кибер телесни додатоци ги имаме нашите смарт телефони како кибернетска екстензија на нашите мисли, претстави, спомени и идни проекти. Тек-облеката е веќе дел од масовната консумеристичка приказна, а секојдневно се нурнуваме низ киберпросторот да се сретнеме со нашите пријатели или да бистриме некакви политики“, велат од јапан.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.