Познатиот холивудски актер Киану Ривс со својот бенд „Догстар“ во кој свири бас гитара е првото потврдено име на Арсенал фест 2024, кој ќе се одржи од 27 до 29 јуни во Кнежевскиот Арсенал во Крагуевац.

Американското алтернативно трио Dogstar, во кое Кијану Ривс свири бас, по две децении ги обнови концертните активности и објави нов албум.

Догстар, во кој се и гитаристот и пејач Брет Домроуз и тапанарот Роб Мејлхаус, објави на својот Инстаграм дека по две децении повторно ќе свири на 27 мај на фестивалот „Bottle Rock Napa Valley“ во САД.

Кијану беше малку нервозен поради настапот, но Мејлхаус го смири: „Тој беше само супер позитивен“. Тој постојано повторуваше: „Слушајте ја музиката. Само биди присутен во песната и таа само ќе оди оттаму“, објави Сан Франциско хроникл.

Моментално е на американска турнеја која трае до крајот на годината.

Во мај следната година бендот доаѓа во Европа каде што ќе настапи на неколку фестивали, најпрвин во Шпанија, потоа во Германија, Австрија, Чешка, Хрватска, а потоа и во Србија на Арсенал фест.

Бендот досега ги има издадено албумите „Нашиот мал визионер“ (1996), „Среќен крај“ (2000), а по 23 години пауза, неодамна беше издаден и третиот „Некаде помеѓу електричните линии и палмите“ за неговата независна издавачка куќа „Дилон Стрит рекордс“.

Групата Догстар е основана во 1991 година, откако Ривс и Мејлхаус случајно се сретнале во супермаркет, а хокејот ги собрал. Оригиналниот вокал и гитарист Грег Милер се приклучи во 1992 година, но го напушти бендот по турнејата во 1995 година.

Домроуз, кој до тој момент пееше придружни вокали, го зазеде местото на Милер.

Инаку, Догста се има појавено во филмови меѓу кои „Јас и Вил“ и „Ели Паркер“, а играше како воведен чин за Дејвид Боуви во 1995 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.