Додека поголемиот дел од македонската музичка естрада „спие“, младата Марија Спасовска напорно работи и еве, за кратко време објави уште една нова песна.

„Опасно“ е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи, што е одлична бројка за толку кратко време.

Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо.

Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработија момците од „Урбан рекордс“, во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.