Јосипа Лисац и нејзиниот бенд пристигнаа во Скопје за вечерниот концерт во Македонска филхармонија.

Во Скопје ќе се прослави 50-от јубилеј од култниот албум ,,Дневник једне љубави” и ќе се отпеат сите големи песни на единствената Јосипа Лисац.

„О једној младости”, „Плачем”, „Не препознајем га”, „Једна кратка вест”, „По први пут”, „Срела сам се са њим”, „Странац”, „Вјерујем ти све”, „Лежај од суза” – некои од овие песни не се пеени во живо повеќе од 40 години!

Концертот по повод 50 годишниот јубилеј од легендарниот албум ,,Дневник једне љубави” е официјално распродаден, информираа организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.