Во Филхармонија вечер во 20 часот ќе се одржи предновогодишниот концерт „Jingle Bells Symphony“, на кој ќе настапат Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот оркестар на Битола.
Публиката ќе може да ужива во изведбата на песните како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“ и многу други.
Песните ќе бидат отпеани од вокалите на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинети со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.