На 23 јануари 2024 година во салатa на НОБ, со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи првиот концерт на Националниот џез оркестар.

Со овој концерт свечено ќе се одбележи почетокот, односно продолжувањето на неговата работа, но овој пат како Национален џез оркестар.

 

На програмата се композиции за биг бенд од наши македонски автори од различни генерации, така што ветуваме уште еден незаборавен концерт, се вели во објавата на Националниот џез оркестар.

Билетите ќе може да ги набавите на https://mktickets.mk/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.