Талентираниот Јасмин Алиевски полека, но сигурно се доближува до големото финале на познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Во саботата се емитуваше уште едно издание, а нашиот Јасмин преку баражот успеа да обезбеди пласман во големото полуфинале, односно да пее со најдобрите 16 кандидати.
Јасмин во саботата се претстави со две песни, едната беше „Дуга“ на Џенан Лончаревиќ, а пак втората беше голмиот хит на Горан Каран – „Вагабундо“.
Алиевски двете песни ги отпеа одлично, но не освои доволно гласови за директен пласман, па мораше да испее уште еднаш на крајот од емисијата, односно во баражот и така да си „чекира“ карта за полуфиналето.
Сите членови на жирикомисијата, особено директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ се согласи дека Јасмин е одличен пејач и дека неговото место е во финалето.
Погледнете ги неговите два настапи во четвртфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.