Културно информативен центар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ ги избра композииците што ќе бидат испеани на второто издание закажано за 11 јули во битолскиот Офицерски дом.
По завршувањето на конкурсот, комисијата за избор и селекција ги избра песните „Да ми потрае денот“ чиј автор на текст е Валентин Соклевски, а композитор Давор Неќак, потоа „Госпоѓа Марија“ чиј комплетен автор е Петар Георгиев Калица, а меѓу 16 композиции на автори од градот и земјата се и песните „Дојди кај што цутат липите“, „Јас од мерак боледувам“, „Кажи, кажи Широк Сокак“ и други.
Избраните музички дела на авторите и исполнителите ќе бидат наградени согласно пропизициите на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.