Во Велика Британија беше одлучено во кој град ќе се одржи престижниот Избор за песна на Евровизија 2023 година.
Во борба за домаќин беа Ливерпул и Глазгов, а одлучено е следната година Ливерпул да го организира ова престижно европско натпреварување.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале кога Европа ќе добие нов победник ќе се одржи на 13 мај.
„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија 2023 е Ливерпул“, изјави коментаторот на музичкиот натпревар Греам Нортон, кој во петокот се појави на “The One Show“ за да открие каде ќе се одржи натпреварот.
Да потсетиме, победата на Евровизија 2022 ја освои украинскиот оркестар Калушка, но поради моменталната ситуација во нивната земја, Велика Британија одлучи да ја преземе организацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.