Во барот „Агора“ во Куманово денеска (14 март) од 21:30 ќе гостува „The Gluts“ пост-панк, психоделичен италијански бенд со седиште во Милано. Овој настап е дел од нивната нова мартовска турнеја, додека бендот работи на ново албумско издание.

Членовите се: Николо Кампања (вокал/синт/перкусии), Марко Кампања (гитара), Клаудија Чезана, (бас), Бруно Баси (тапани).

Во 2013 година бендот го издава својот прв сингл „Tears of Ink“ на 7“ винил.

Првиот албум излезе следната година, насловен „Warsaw“, микс и мастеринг на James Aparicio (The Telescopes, Spiritualized, Liars). Првиот тираж беше 100% направен самостално, подоцна повторно испечатена од германската издавачка куќа Nasoni Records.

Во 2017 година, вториот албум „Estasi“ здогледа светлина по соработката со Filippo Strang (Kurt Vile), благодарение на што бендот се приклучува на списокот на независната издавачка куќа Fuzz Club Records со седиште во Велика Британија (The Jesus and Mary Chain, The Black Angels, Holy Wave, Night Beats).

Бендот пристигна во Лондон за време на првата промотивна турнеја на „Estasi“ (Португалија, Швајцарија, Англија, Белгија, Франција) сними 5 песни за Fuzz Club Live Session, а потоа истите беа издадени на винил во ноември 2018 година.

По настапот на Fuzz Club Eindhoven Fest 2018, бендот започнува плодна професионална врска со El Borracho Bookings (The Underground Youth, Vacant Lots) која сè уште трае. Пред и по објавувањето на третиот албум „Dengue Fever Hypnotic Trip“, копродуцент Bob de Wit (The Sonics, A Place to Bury Strangers, White Hills), во пролет 2019 година, бендот продолжува со турнејата во Франција, Германија, Швајцарија, Полска, Данска, и добива шанса да настапи пред бендот METZ во Милано. Бендот учествува и на некои важни независни фестивали, како што се Label Mates Festival во Лондон, MiAMI Fest во Милано и второто издание Fuzz Club Eindhoven.

Неколку месеци подоцна, благодарение на поддршката на El Borracho Bookings и Italian Music Export, бендот повторно оди на турнеја во Англија, свири на Astral Elevator Festival во Манчестер, има три настапи во Јужна Африка, вклучувајќи го и фестивалот Endless Daze.

Во јануари 2020 година бендот оди на ESNS и во текот на октомври 2021 година свиреа низ Данска, Белгија, Холандија, Германија, Чешка, Австрија.

Принудени да ги прекинат настапите во живо, бендот се фокусира на создавањето на својот четврти студиски албум, „Ungrateful Heart“, кој подоцна е објавен на 8 октомври 2021 година, секогаш преку Fuzz Club. Следува промотивна турнеја во Западна и Источна Европа и неколку свирки во Њујорк на фестивалот „New Colossus“. Неодамна бендот беше на вториот дел од турнејата во Италија, Франција и Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.