Пред десет години, танцовото студио Dancers United ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува.

Нашата верба, велат, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди.

Како почна нашата инклузивна група, кои беа нивните први чекори во танцот, нивната прва кореографија, како напредувавме и до каде стигнавме, каде сè настапувавме, се натпреваруваме, какви успеси постигнавме, како нашите танчери станаа посамоуверени и посвесни за своите способности и каква енергија споделувавме и добивавме ќе имате можност да видите на РЕТРОСПЕКТИВНАТА инклузивна претстава која ќе се одржи во Музејот на македонската борба на 05.12.2023(вторник) со почеток од 20 часот. Во нашата сплотеност, креативност и поддршка ќе можете да се уверите и преку заедничките кореографии на инклузивната група со танчерите од јуниорските и младинските групи, велат од Dancers United.

Инклузивната претстава е дел од програмата на Министерството за култура на проекти од национален интерес.

Влезот е бесплатен.

Ви благодариме на сите што силно ја поддржувате инклузијата, велат од тимот на Dancers United.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.