Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, соопшти „Авалон продукција“.
По повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – „Mad About You“, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет.
Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.
Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.