Гудачкиот квартет „ВИВА Стрингс“ од Скопје гииздаде двата музички албуми Sounds from Macedonia и Electronic Soundsfrom Macedonia, соопшти денеска Дејан Теодосиевски, основач и виолончелист на гудачкиот квартет.
Албумот Sounds from Macedonia содржи 14 композиции, сите напишани одТеодосиевски, а композициите се мотивирани од македонските народни мелодии ипесни, но со јасни елементи на модерен звук и ритам.
– Албумот Electronic Sounds from Macedonia е составен од 10 композиции кои сепреработки на дел од првиот албум.
Жанровски композициите гравитираат одџез, соул, диско до техно стил, со смела употреба на разни електронски иакустични инструменти. Двата албуми се снимени во тонското студио „Подрумот“ во Скопје.
Снимањето, миксот и мастерингот на албумите е дело на Ангел Ќосев, се вели во соопштението од Теодосиевски.
Гудачкиот квартет „ВИВА Стрингс“, кој е формиран во 2012 година е составенод: Елена Талевска прва виолина, Димитар Михајловски втора виолина, Дубравка Зајкова виола и Дејан Теодосиевски виолончело.
Како најава на издавањето на албумите гудачкиот квартет снимил и видео спотза една од композициите „Студена вода“. Видеото за „Студена вода“ е изработено од продукциската куќа „Медиа таг“ од Скопје.
Режисер на видеото е Филип Момировски. цр/Фото: Гудачки квартет „ВИВА Стрингс“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.